Радио Милева „Сети се“

И Александра и Милена се приклучија на предизвикот, па покажаа какви биле како малечки (фото)

И Александра и Милена се приклучија на предизвикот, па покажаа какви биле како малечки (фото)

Деновиве погледнавме доста фотографии од детството на познатите, а сето тоа благодарение на предизвикот „Сети се“ на сос Детско село за среќно и поубаво детство.

Ако вчера ги видовме Каролина, Марјна и Калиопи, денес со свои фотографии ги гледаме и колешките водителки Александра Илиевска и Милена Станковска.

-Имам многу фототграфии од моето детство кои што ми се многу драги и од нив ми навираат солзи и од убавина, но и заради носталгија од некои убави времиња, пишува Милена која како што напиша има доста фотографии од детството, па секогаш има да покаже некоја што не сме ја виделе досега.

-Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Овие денови, за сите нас значат многу. Јас во новогодишен амбиент далечната 1985, пишува Александра за фотографијата каде е бебенце во рацете на татка си.

Предизвикот „Сети се“ стана досета интересен за познатите, така што периодов имаме да видиме уште многу од нашите познати јавни личности како деца.

To top