Владимир Василевски – Четкар, македонскиот џез гитарист со интернационално реноме, туку што се врати од турнеја по Далечниот Исток. Таму, како и на многу други места ширум светот е мегаѕвезда, кај нас на Балканот, каде што царуваат турбофолкот и кичот, а Техеран звукот доминира, остана некако несфатен до крај…
View this post on Instagram
Иако, како што самиот умее да каже: „Нема граници кои врвната и искрена уметност неможе да ги пробие!“, некои закоравени жабокречини, тешко се брануваат. Впрочем за да го разбереш џезот, мора да си и по малку музички „писмен“, троа едуциран, да сакаш да слушаш малку повеќе од „завивање од Ориентот“ и трилери на хармоника и синтисајзер. Таква е таа музика, не е баш за сечие уво, ама по се’ изгледа таков е и хуморот на родениот охриѓанец Четкар!
View this post on Instagram
Имено покрај останатото што го споделува на социјалните мрежи како дел од неговата музичка кариера, спотови, настапи, турнеи, Четкар се труди понекогаш да сподели и парче сопствен хумор… Овој пат, охридски.
Така на пример октомвриското капење во Охридското езеро Четкар го зачинил со „Лепотан френдли совет“.
View this post on Instagram
Или што би рекол охридскиот гитармастер: „Надворешната убавина понекогаш заслепува, па луѓето не можат да ја видат вашата генијалност“!
Е сега дали баш тајната на внатрешната убавина е во надворешната или надворешната ја засенува внатрешната, е прашање за дилема? Особено што надворешната е минлива, за разлика од внатрешната, чиј секој изустен збор долго се памти!
View this post on Instagram
Она што Четкар како хумор го сервирал на поединци им е смешно, а многу други се прашуваат: „Што сака со ова да каже писателот?“ Во случајов џезерот! З’ш хуморот на Четкар е како џезот – за да го разбереш мора да си или џезер во душа или… охриѓанец!
Фото и видео: Инстаграм/vladimir_cetkar