Тончи Хуjиќ навреме го избегнал земјотресот во Загреб затоа што тој и неговото семејство заминале во Сплит, каде што имаат куќа, и таму се изолирале од коронавирусот.
Она што е зачудувачко е што екс – фронтменот на групата Магазин ја предвидел несреќата во хрватскиот главен град, затоа што тој се обратил во осигурителната компанија претходниот ден, за да ја плати за полисата за штети токму од земјотрес!
„Добри сме, го напуштивме Загреб пред 15 дена пред се заради развојот на ситуацијата со коронавирусот. Сплит е нашата база за изолација. Веќе десеттина дена не излегуваме надвор од куќата. Вообичаено работам од дома – вели Хуљиќ, објаснувајќи дека тој повикал агенти за осигурување во саботата и го осигурал сиот недвижен имот во Загреб.
„Како да имав некое внатрешно чувство, па само еден ден пред земјотресот, се заинтересирав за условите за осигурување на недвижнини во Загреб. Сакав превентивно да се осигурам ако се случи земјотрес. Само што повикав агенти од две осигурителни компании итно да ми испратат договори, другиот ден се случи земјотресот, што е апсолутно неверојатно“ – вели Тончи Хуљиќ и самиот на можејќи да поверува на своето претчувство.