Хрватската секс бомба, пејачка и актерка Нивес Целзиус се почесто се фотографира гола отколку облечена. Веројатно само тоа и останува, со оглед на фактот што никаде не може да настапува заради корона пандемијата, а веројатно и се поретко се снимаат играни ТВ серии… Или пак неа не ја викаат да глуми?
Арно ама, затоа Нивес наоѓа начин како да остане во фокусот на вниманието на целиот регион. Цицлестата хрватска нимфа за тоа е шампион. Разголени фотографии на илјада и еден начин, како пикантен зачин на нејзината популарност: од секојдневието до работата, од приватноста до нејзината професија, Нивес секогаш има да понуди “сочен кадар“ од секоја нова фотосесија.
Така беше и овој пат кога расната убавица со разголена задница која гордо ја покажа, се јави од плажа. До душа, надвор од туристичката сезона, за која се’ уште е рано, а и прашање е дали воопшто ќе ја биде заради сеприсутната коронапандемија.
Но тоа не ја спречи Нивес да создаде хемија помеѓу неа и нејзините обожаватели и следбеници на социјалните мрежи, на кои им сподели уште една скокотлива фотка, која ги наежи. И тоа по цело тело, откако разголената пејачка им порача смело:
„Тој ден ги брцнав во вода само ноџињата“… Како што се гледа, само до колена. Но, без грижи, штом надојде плимата, водата на Нивес и дојде до…?
Фото: Инстаграм принтскрин/nivescelsius