Ива Гргуриќ, како што дознава српски „Курир“ од извор близок до старлетата, е во блажена состојба и чека бебе со белградскиот бизнисмен Немања Петрушевиќ. Како што вели изворот , сите се воодушевени што Ива е бремена, а Немања е најсреќен.
Тие двајца од моментот кога се запознале се неразделни еден од друг. Старлетата ги споделува нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи, а неодамна на следбениците им го честиташе Божиќ во прегратка со Немања. И двајцата се пресреќни на фотографијата, не ја тргаат насмевката од лицата, зашто најверојатно веќе дознале дека старлетата е во блажена состојба.
Имено, Немања е од Белград и работи во семејна фирма во Нов Белград. Извор близок на двојката изјавил дека тој е вредно и нормално момче, кое ќе го наследи бизнисот заедно со неговиот брат Предраг.
Иако има можност да ужива во парите што ги заработува семејниот бизнис, Немања сепак секое утро оди на работа, таму останува до вечер и работи заедно со работниците. Таткото на овој млад бизнисмен е сопственик на најголемите и една од најдобрите автоперални во Белград, имаат и рентакар, како и кафуле, каде повремено организираат забави. Тие се екстремно богати, објаснува соговорникот, кој откри дека седиштето на нивната компанија е во Луксембург, и дека работат и низ Европа.
Фото: Инстаграм принскрин/iva_grguric_official