Во Торино, Италија синоќа се одржа првото полуфинале на популарното европско музичко натпреварување „Евровизија“. Во текот на вечерта, 17 земји ги претставија своите песни пред светот, а десет претставници се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота на 14 мај.
Од 17 земји кои синоќа учествуваа на натпреварот, 10 синоќа се пласираа во финалето: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.
Многумина беа разочарани што Албанија, Словенија и Хрватска не се пласираа во финалето, а сега се јави и хрватската пејачка Миа Димшиќ.
„Порака до сите што беа со мене: Ви благодарам од сѐ срце, ова беше многу турбулентно, но и многу прекрасно патување и немаше да одам на него да не беа оние луѓе кои ме поддржуваа и секогаш се тука. Еве, Ви благодарам од сѐ срце – изјави пејачката откако не се пласираше во финалето на ова натпреварување.
Нејзината порака ја пренесе водителот Далибор Петко , кој моментално е во Торино како поддршка на Миа.
„Засекогаш благодарна“ – напишала таа под видео објавата на Инстаграм.
Димшиќ вчера пееше единаесетта. Настапот започна во целосен мрак, а потоа се вклучија светлата и ја открија Миа во прекрасен розов фустан со гитара во рацете. Околу Димшиќ имаше двајца играорци. Во еден момент и ја земаа гитарата, па Миа пееше и се прошета по сцената.
„Европо, те сакам! „Грацие миле“ – извика таа и се заблагодари, а од публиката одекна голем аплауз.
Фото: Принтскрин/ртс