Хрватската јавност експлодираше по неуспехот да нивната земја да се пласира во финалето на годинешниот Евросонг 2021. Хрватите го споделија своето незадоволство на социјалните мрежи по евровизискиот настап на нивната претставничка Албина, сметајќи дека тоа е неправда. Дури и поддршката од премиерот Пленковиќ не и помогна да се пласира во финалето.
Претставничката на Хрватска, Албина Гржиќ (22) од Сплит не се пласираше во финалето на Евровизија, а Хрватите своето незадоволство најмногу го споделија на Твитер.
„Укинете го изборот за песна на Евровизија“, “Ова е неправда“, „Молам, Хрватска не помина?“, „Судии лопови“, „Евросонг, дали ушите се уште ви се во карантин?Ќ … – се смао дел од твитовите. После настапот, Албина беше поддржана од премиерот Андреј Пленковиќ кој и покрај се’ и честиташе за настапот.
Velika podrška i čestitka našoj Albini na sjajnom nastupu na #Eurovision! https://t.co/2PgULsynhE
— Andrej Plenković (@AndrejPlenkovic) May 18, 2021
Премиерот на „нашата земја“ Зоран Заев сношти тоа не го стори со Васил Гарванлиев. Не барем јавно. Ниту пак официјално. Па дури ни по струмичка линија.
Или можеби тоа „задоволство“ сепак и го препушти на својата сопруга Зорица?