Марија Шерифовиќ се подготвува за новата сезона на музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, па веднаш по враќањето во Белград одлучи да го смени имиџот, поточно фризурата.
Марија одлучи да се врати на старо, па излезе од фризерскиот салон со кадрава фризура.
„Вие што гласавте за нормална права коса бевте во малцинство, затоа што луѓето масовно ги сакаа моите кадрици назад. Така што ги враќам и веувам дека ќе бидат добри како и минатиот пат и се надевам дека нема да ми падне косата“ – рекла таа на враќање од посетата на фризерот.