Фернандо Колунга изгледа подобро сега отколку пред 20 години кога го гледавме како Хосе Армандо од мексиканската теленовела која беше хит, „Есмералда“.
Мексиканскиот актер наполни 53 години во март, и не се откажува од изгледот на латино заводник кој се држи одлично.
Тој сè уште е активен со глумата, како и на социјалните мрежи каде редовно има нови објави.
Патем, Колунга по професија е дипломиран инженер, а е роден во Мексико Сити.