Поранешната натпреварувачка во реалното шоу „Задруга“, Луна Ѓогани на својот Инстаграм профил откри дека има проблеми со хормоните по породувањето.
– Моите хормони полудеа после бременоста, не сум задоволна кога ќе видам дека телото ми се менува и има проблеми што ги немав порано. Имав еднаш сличен проблем, ми помогна докторот. Знам дека така ќе биде и овој пат – напиша Ѓогани на Инстаграм.
Инаку, со денови се шпекулира дека Луна Ѓогани ќе биде дел од „Задруга 5“, но таа стави крај на тие приказни.
„Не сакам некој да помисли дека воопшто размислувам за тоа, а не пак да влезам. Овој пат имам навистина добра причина за тоа. Мојот живот е таков каков што секогаш сакав да биде, среќен сум, се ми оди добро, работа и приватен живот. Јас сум супер. Влегов во реалното шоу кога не бев добро и кога требаше да влезам, тоа беше мојот начин да бидам добара и некако да се извлечам од тие неколку дупки во кои паднав. Сега немам ниту една причина да одам во реалити. Јас сум исполнета до максимум. Никогаш, никогаш нема да влезам било каде – рече Луна.
– Тоа е мое минато. Мојата иднина е мојот слободен живот, семејство, сопруг, дете, ќе бидам фокусирана на тоа – заклучи Луна.
фото: инстаграм/луна ѓогани