Славниот холивудски актер има нова улога поради која целосно се трансформираше по што тешко би го препознале.
Станува збор за Џорџ Клуни кој е еден од најдобрите во Холивуд, а новите снимки ги доведоа неговите фанови до состојба да се чудат.

Бидејќи актерот секогаш е дотеран и обично игра улоги на заводник, многумина не се навикнати да го гледаат во вакво издание. Џорџ во еден научно-фантастичен филм се појавува со долга брада и изгледа значително постаро.
Инаку, Џорџ Клуни шест години е во брак со адвокатката Амал Клуни, која сè уште не се огласила за новиот привремен изглед на нејзиниот сопруг.