Популарниот глумец Колин Фарел отиде во рехабилитациониот центар во кој до сега се лечеа многу ѕвезди, од Кејт Мос, па дури до Селена Гомез.
Иако порано имаше проблеми со дрога и алкохол, на изненадување на многумина, овој пат тој ја посети институцијата за лекување на зависност поради неверојатното ниво на стрес под кое неодамна беше.
Тој смета дека луксузната клиника во Аризона ќе му помогне да не потклекне и повторно да се предаде на пороците.
Колин чувствува потреба да се движи кон “добар пат” за да биде тука за болниот син Џејмс. Тинејџерот страда од ретко пореметување кое се карактеризира со бавен интелектуален развој.