Холивудскиот продуцент Стив Бинг почина на 56-годишна возраст, откако падна од 27-ми кат на зграда во Лос Анџелес, јави ТМЗ.
Според извештаите на медиумите, Бинг страдал од депресија и се самоубил. Ниту полицијата, ниту блиските на починатиот не ја потврдија оваа информација.
Бинг го финансираше „Поларниот експрес“ на Том Хенкс, „Фати го Картер“ со Силвестер Сталоне и документарецот на Мартин Скорсезе “Shine a light”.
Продуцентот имаше дете со британската актерка Елизабет Харли и поранешната тенисерка Лиза Бондер, а постојано го следеа и разни скандали.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/ff-2.jpg)