Радио Милева евакуиран

Холивудскиот актер Шон Пен ја напушти Украина: Пешачевме до границата со Полска

Холивудскиот актер Шон Пен ја напушти Украина: Пешачевме до границата со Полска

 

Информацијата дека актерот Шон Пен се наоѓа во Украина за да снима документарец за воената состојба ја обиколи светот. Меѓутоа, само неколку дена по во Украина, актерот објави на Твитер дека е евакуиран.

Добитникот на Оскар, претходната недела отпатува во Украина за да снима документарец за нападот на Украина.

Меѓутоа, по почетокот на војната актерот ја напушти земјата, а потоа на Твитер објави фотографија на која турка куфер додека оди покрај пат бидејќи не можел да се движи со автомобил поради огромниот метеж и автомобили кои се движеле кон границата со Полска.

-Двајца колеги и јас одевме до границата со Полска бидејќи ги оставивме автомобилите покрај патот. На оваа фотографија, во автомоблите се само жени и деца, а повеќето од нив немаат никаков багаж, а само автомоблите се вредна работа која ја поседуваат, напиша Пен на Твитер.

Шон Пен веќе со месеци се занимава со документарец посветен на тензиите меѓу Украина и Русија.

фото: Profimedia/Handout/AFP

To top