Актерката Деми Мур го избра грчкиот остров Миконос каде пристигна за роденденот на нејзината пријателка Вероника Пастра.
Деми е фотографирана на ноќно излегување на островот Миконос. Во танцова екстаза таа убаво се забавувала во големо друштво, боса и во впечатлив светло зелен фустан со кој ја истакна својата витка линија.
Грција е омилена дестинација на Деми, а таа е добредојден гостин таму, а овој пат е тука да го прослави роденденот на својата пријателка Вероника Пастра со своето друштво.
View this post on Instagram
И додека ноќите ги минува танцувајќи во ноќни клубови и уживајќи во грчките специјалитети, преку ден ужива во сончање и пливање или пловење на луксузна јахта.
И покрај тоа што има 60 години, Деми и понатаму изгледа одлично. Дека е посветена на редовните тренинзи, благодарение на кои останува во топ форма, беше видливо и во зелено бикини чии гаќички се со V-вратот напред. Без шминка, Деми само во бикини се прошета низ луксузната јахта, а потоа освежување бараше скокајќи во морето.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Деми Мур/Гриик репортер