Актерката и манекенка Ким Потер, поранешна партнерка и мајка на трите деца на раперот Пи Диди, попина на 48 годишна возраст.
Пронајдена е мртва во својот дом во Лос Анџелес. Странските медиуми пренесуваат дека иако причината за смртта се уште не е позната, таа неколку недели имала само симптоми на настинка, а можеви и воспаление на белите дробови.
Лицето за однси со јавност од полицијата во ЛА за „Индепендент“ кратко потврди дека примиле повик за пријава на мртва жена.
Инаку, познатиот рапер беше во љубов со КИм од 1994 година, а нивната турбулентна врска траеше до 2007 година, по што останаа во добри односи. Во текот на 13 години добија три деца, а Ким е мајка и на 27 годишен син од претходниот брак.