Радио Милева

Холивуд во шок: Бред Пит и Џенифер Анистон се венчале тајно на нејзината божиќна забава?!

Холивуд во шок: Бред Пит и Џенифер Анистон се венчале тајно на нејзината божиќна забава?!

Светските таблоиди неодамна пишуваа дека Бред Пит бил на божиќната забава на актерката и поранешна сопруга Џенифер Анистон. Сега пак, Холивуд е шокиран од шпекулацијата дека токму на таа вечер се случило нешто големо.

Порталот „New Idea“ тврди дека Бред и Џенифер се вериле таа вечер.

Извор кој неодамна бил на таа забава раскажал дека Анистон се потрудила сè да изгледа беспрекорно, па го ангажирала организаторот на венчавката Кевин Ли кој нејзината вила во Бел Ер ја декорирал до совршенство со помош на светилки и елегантен шатор во дворот.

Џенифер со Џастин Теру во 2015-та година се венчаа тајно токму во рамките на нејзината роденденска забава, па многумина сега помислиле дека историјата се повторува.

фото:пинтерсет

„Пристуството на Бред ги поттикнало сите да мислам дека историјата се повторува и дека тоа што таа ги собира сите свои пријатели е совшен начин за официјално да го прослави смирувањето со Бред“ – тврди изворот.

„Џен не криеше дека сака повторно да се омажи за Бред и дека знае дека ова е совршена можност за тоа да го направи тајно, во присуство на најблиските“ – додава тој.

Ниту Бред Пит ниту Џенифер Анистон не се огласија по повод на веста која осамна во порталот „New Idea“, но американските медиуми тврдат дека можеби и нема никаква вистина во тоа.

To top