Радио Милева си призна

Хју Грант открива за која улога се кае што ја снимил: „Изгледав катастрофално“ (видео)

Хју Грант открива за која улога се кае што ја снимил: „Изгледав катастрофално“ (видео)

Познатиот актер Хју Грант за време на гостувањето во „The Late Late Show With James Corden“ откри кој филм посакува никогаш да не го снимил.

Покрај него, во емисијата гостуваше и актерот Крис Пајн. Двајцата учествуваа во забавна игра за време на која во еден момент Грант имал задача да изеде пита со црева и мајонез, или да наведе кој филм би сакал да го избрише од неговата страница на IMDB.

– Можам да кажам дека сум лош, но не можам да ги омаловажам другите прекрасни колеги кои работеа со мене на многу филмови. Јас сум во дилема… – изјави Грант.

Крис и водителот Џејмс Корден сепак успеаја да го натераат да каже кој филм воопшто не му се допаѓа.
Станува збор за „Дамата и автопатот“ од 1988 година, во кој го играше Лорд Лусиус Вајн.

– Требаше да изгледам секси. Сепак, филмот беше нискобуџетен. Изгледав катастрофално. Лоша перика, лоша капа. Им се извинувам на сите мои прекрасни колеги кои можеби сум ги навредил – изјавил тој, а како изгледал во споменатиот филм погледнете во видеото подолу.

фото: reuters/tanjug/ Инстаграм/Јутјуб принтскрин

To top