Пред неколку дена водителката Драгана Катиќ доживеа несреќа на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“ и се здоби со повреди на телото.
Имено, кога тргна да се симнува од големата сцена, водителката се сопна и падна, а го искриви зглобот, по што подоцна доби и хематом.
Тогаш водителката покажа колку е професионалец бидејќи и покрај повредите, во високи потпетици се врати на сцената и продолжи со снимање како ништо да не се случило.
„Луѓето не знаат дека не е секогаш лесно. Мислат дека се е сјај и гламур, а не знаат низ што мора да поминат луѓето кои работат на емисија за да го добијат крајниот продукт“, изјави Драгана и додава:
„Ме боли уште и раката и ногата, но добро. Јас кога паднав веднаш дојде младиот камерман и ме праша дали ми е мака и отиде по лед. Ме масираше по ногата и се погрижи да се чувствувам подобро. Восипитано и прекрасно дете“.
Погледнете како изгледаше моментот кога Драгана падна на сцената.
View this post on Instagram