Бремената Хелена Топаловиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија во тесен бел фустан, со длабоко деколте и шлицови во пределот на стомакот, што предизвика вистинска лавина од коментари на мрежите.
Ќерката на познат пејач, Милан Топаловиќ Топалко, Хелена Топаловиќ и нејзиниот сопруг Драган Алексиќ наскоро ќе станат родители.
Хелена долго ја криеше среќната вест, а по бројните шпекулации призна дека е во блажена состојба.
Идната мајка откако на својот Инстаграм откри дека е во трудна, секојдневно ги радува своите следбеници со предизвикувачки фотографии, што беше случај и овој пат.
Хелена позираше во тесен бел фустан, а длабокото деколте и шлицовите во стомакот предизвикаа полемики на интернет.
Судејќи по коментарите, многумина се на мислење дека Хелена ужива во бременоста и треба да го покаже тоа, а има и такви кои го осудуваат нејзиниот начин на облекување.
– Слушнав дека трудниците се расправаат, бараат и имаат променливо расположение и се подготвивме за тоа. Но, фала богу, ништо од тоа. Изгледа дека мојата околина имаше среќа – напиша Хелена во описот на својата објава.
Фото: Принтскрин/Инстаграм