Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ -Топалко, неодамна потврди дека е во друга состојба и дека чека бебе со сопругот Драган Алексиќ, а сега го покажа и својот нарастат стомак и тоа вторпат откако обзнани за убавата вест.
Хелена пред две години му се заколна на вечна љубов на Драган Гага Алексиќ, поранешниот сопруг на водителката Јелена Димитријевиќ, а пред неколку дена ја известија јавноста дека чекаат бебе.
Извесно време се шпекулираше дека миленичката на Топалко е во блажена состојба, но сега плодот на љубовта е веќе видлив.
Хелена позираше пред огледалото во црн тесен фустан, а во таа прилика се сврте на страна и во преден план го покажа трудничкиот стомак, а многумина се воодушевени од тоа како изгледа, бидејќи засега ја држи линијата.
– Одиме – нареди таа и како што пишуваше, наводно веќе била во петтиот месец од бременоста.
фото:инстаграм/Хелена Топаловиќ