Хелена Топаловиќ на следбениците им ја покажа и другата страна и се пофали со своите вештини во кујната.
Откако Хелена Топаловиќ стана мајка, таа целосно се посвети на семејниот живот. Ќерката на познатиот пејач Милан Топаловиќ, Топалка ужива во мајчинството, но и во секое слободно време со својот сопруг.
Иако според фотографиите на Инстаграм не изгледа како некој што го поминува времето во кујна, Хелена ги демантираше предрасудите и покажа за каква домаќинка е.
Таа на својот Инстаграм се пофали со своите вештини и откри како изгледа кога прави пита или како што го нарекла бурек.
– Кога баба праќа сирење, тогаш мора да се направи пита со сирење. Или бурек со сирење? – напиша Хелена, а потоа ги објави резултатите од нејзините напори.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Хелена Топаловиќ