Радио Милева
Со став

Хелена Роза со посебен третман на ревија во Нов Зеланд: Нашата Македонка беше вип гостин во креација од висока мода (фото)

Хелена Роза со посебен третман на ревија во Нов Зеланд: Нашата Македонка беше вип гостин во креација од висока мода (фото)

Јавниот живот за Хелена Роза беше начин и стил на живеење додека беше во Македонија.

Таа заедно со семејството веќе неколку години живее во Окленд, Нов Зелант каде откако се инфилтрира и адаптира на новиот континет, таа сега работи под полна снага.

Професионално е насочена во работата како маркетинг менаџер, а со тоа и тамошниот јавен живот и стана дел од секојдневието.

Неодамна познатата новозеландска дизјнерка на висока мода Сесилиа Канг одржа своја ревизија од затворен карактер каде вип гостинка беше токму нашата Хелена Роза.

Нејзиното месето беше посебно бидејќи Хелена носеше специјална креација од висока мода со волуменозни ракави и впечатливи специфични детали.

-Вчера имав чест да носам фустан на една од нај познатите Ново Зеландски дизајнери на висока мода – Сесилиа Канг. Сесија е дизајнер кој има соработувано со италијанскиот и британскиот Вог и има дизајнирано и облакано многу светски звезди. Чуството да се носи ваков рачно изработен фустан е непроценливо. Се чувствувам многу горда што ми беше укажана оваа чест.
Ти благодарам Сесилиа- пишува Хелена во својата објава на Фејсбук.

За да се носи ваква креација треба да се има став, а наша Хелна зрачи со својата енергија која блеска и на фотографија, а за непосредно веројатно сјајот бил уште поголем.

фото:Фејсбук/Хелена Роза

Останати вести од Радио Милева