Радио Милева
ИСПЛАШЕНА

Хелена Роза се огласи по силниот земјотрес во Нов Зеланд – еве како се чувствува (фото)

Хелена Роза се огласи по силниот земјотрес во Нов Зеланд – еве како се чувствува (фото)
фото: принтскрин/инстаграм

Во Нов Зеланд во текот на вчерашниот ден (04.03.2021) се случија три силни земјотреси.

Првиот бил со јачина од 7,3 степени, вториот од 7,5 степени, а третиот од 8 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров.

Некогашната македонска водителка Хелена Роза која заедно со семејството веќе неколку години живее во Нов Зеланд веднаш се огласи по првиот земјотрес од 7,3 степени.

Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од апликацијата која покажува каде имало земјотреси и со колкава јачина, а во описот напиша:

„Ние сме ОК“, кратко напиша Хелена Роза.

фото: принтскрин/инстаграм

Инаку, неколку земјотреси имаше и во Грција, во близина на Лариса, а истите беа почувствувани и во Македонија.

Останати вести од Радио Милева