Некогашниот македонски модел и ТВ водителка Хелена Роза, која последниве неколку години живее на Нов Зеланд, се врати во Скопје и веднаш ја шокираше јавноста. Контроверзната и провокативна Хелена завчера, среда, 24 април 2019 год. беше гостинка во емисијата „Ексклузив“ на 1 ТВ, каде младите водители ја прашуваа за нејзината кариера во минатото и емисиите кои таа ги водела.
Кога на ред дојде да зборува за емисијата „Во кревет со Хелена“ , која Роза ја водеше и во неа зборуваше за сексуалноста, сексуалните проблеми, навики, желби, игрите за возрасни, користењето сексуални помагала… и сл. падна муабет и за гостите кои тешко се наоѓале, зашто познатите личности и јавните фаци не сакале многу или воопшто да говорат отворено на овие теми.
Меѓу останатите, Хелена во една прилика го поканила и Бранко Црвенковски, кој во тој момент бил на функцијата Претседател на Република Македонија. Имено разговорот при поканата за гостување на Црвенковски во емисијата на водителката течел вака:
„Претседателе, кога ќе ми гостувате во емисија? – го прашала Хелена.
„Во која емисија?“ – прашал Црвенковски.
„Емисијата се вика ‘Во кревет со Хелена’ – појаснила таа, а Бранко Црвенковски и одговорил:
„Ако сакаш во кревет, можеме да одиме веднаш, кај мене во хотелската соба“ – наводно на шега канејќи ја Хелена, зашто сето тоа случувало на маса и во присуство на други луѓе.
Сепак… ако се ‘ уште важи онаа, народната: „Во секоја шега има половина вистина“… кој знае дали некому му било само до шега?!
Како и да е, погледнете го видеото од целиот разговор, па самите заклучите… Овој дел ќе го најдете некаде на 7-мата минута: