Радио Милева На Инстаграм со Хелена

Хелена Роза им даде одговори на љубопитните, па дури и на незгодни прашања: „Сакам се*с, но…“ (фото)

Хелена Роза им даде одговори на љубопитните, па дури и на незгодни прашања: „Сакам се*с, но…“ (фото)

Некогашниот македонски модел и ТВ водителка Хелена Роза, која последниве неколку години живее на Нов Зеланд, никогаш не престанала да биде актуелна за Македонците, иако веќе одамна не ја гледаат на телевизија.

Хелена иако живее далеку од својата родна земја, таа е во постојан контакт со своите верни обожаватели преку социјалните мрежи.

Хелена овој пат дел од слободно време го искористи да одговaра на прашања од слебениците на Инстаграм, а тие пак познавајќи ја како либерална личност по тема секс, не пропуштија да и постават незгодни прашања, да и поласкаат со комплименти, а преку истите и да дознаат нешто повеќе од дилемите кои ги имаат околу нејзнината приватност.

Па така, уште на старт ја „нападнаа“ оние кои ја гледаат со страст.

-Имам мерак на тебе од мали нозе,кога може да се видиме ја и ти?, напиша еден од подиректните, но тука Роза едноставно немаше одговор, па му врати со емотикон во чудење.

Друг се надоврза на темата секс, па праша:

-Дали си зависник од секс? Но, овој пат одговорот беше концизен и без заобиколување:

-Сакам секс, но никогаш не сум била зависник од ништо, му појасни Хелена.

Конкретна беше и во одговорот за разлика во годините меѓу партнерите, па како пример се посочи таа самата во одност на бракот со сопругот Игор.

-Во брак сум 14 години со помлад 11 години од мене, Годините се само бројка, никогаш не сум имала приоритети за години. Тотално небитно, одговори таа, за на крај да се заблагодари на забавната ноќ која ја помина преку ваквото виртуелно дружење на база прашање-одговор.

Меѓу одговорите, Хелена кажа и дека летово, односно во месец јули доаѓа во Македонија да се види и да помине време со своите најблиски и пријателите.

фото:Инстаграм принтскрин/Хелена Роза

To top