Хелена Топаловиќ неодамна со сопругот Драган и наследничката Доминика отпатува за Австралија, каде тој веќе подолго време има деловни обврски, а воедно таму живее и неговата мајка, па имаа време да уживаат во семејната атмосфера. Хелена секојдневно објавува слики од малата Доминика како ужива во шармот на Сиднеј, а најмногу била задоволна од баба Линда, која досега не сме имале прилика да ја видиме.
– Мојата свекрва Линда – напиша Хелена со заедничката слика и додаде емотикони од срцето. Како што можете да видите од нејзините претходни објави, тие уживаат во модерен и луксузно опремен дом во Сиднеј.
Се беше прилагодено на малата Доминика, па Хелена сподели дека и обезбедиле голем проектор каде со појадок гледа цртани. Инаку, Драган веќе ги чекал во Австралија, а Хелена патувала долг пат сама со наследничката.
– Ние двете сами, од крај до крај, во нашата куќа – напиша Хелена во описот на една од фотографиите.
Фото: Инстаграм/helena_topalovic