Радио Милева футуризам мешан со невкус

Хејтерите распалија по српската евровизиска песна: „Бизарна и евтина бугарска продукција“ (ВИДЕО)

Хејтерите распалија по српската евровизиска песна: „Бизарна и евтина бугарска продукција“ (ВИДЕО)

Девојките од групата „Хурикејн“  објавија дел од спотот за песната „Loco loco“ со која ќе ја претставуваат Србија на „Евровизија 2021“, а тоа веднаш предизвика негативни коментари. И не поради песната, туку поради тизерот чиј автор е Дејан Милиќевиќ.

На некои корисници на Твитер им се потребни 10 секунди за да проценат дали спотот ќе биде добар или не, а повеќето од коментарите се негативни.

„Тизерот за новиот спот на „ураганки“ изгледа евтино. Бугарска продукција т.е Дејан Милиќевиќ 100%. Слабо ја препознавам музиката,но го препознавам стилот на Дејан Милиќевиќ. Секогаш има некоја доза на футуризам мешана со невкус“, се само некои од негативните коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HURRICANE (@hurricane_official)

Овие коментари не му се допаднаа на Милиќевиќ кој порача да се погледнат  во огледало пред да коментираат.

„Едвај чекав „хејт клубот“ да ги растегне своите прсти, да ја напрегне само едната мозочна жица која ја има, за да ја хејта мојата работа за спотот на групата „Хурикејн“. Прво пред огледало, па потоа гледајте во својот двор“, напиша Милиќевиќ.

To top