Љубовниот живот на Хари Варешановиќ, фронтменот на популарната музичка група „Хари Мата Хари“, бил доста интригантен во минатото.
Имено, на пејачот му се случила голема љубов во младоста со Аида, кога имал само 19 години, со која се венчал кон крајот на 1983 година. Две години подоцна ја добиле ќерката Наѓа.
Во едно интервју, Варешановиќ призна дека бил премлад и неподготвен за улогата на татко, а речиси деценија подоцна во бракот со Аида го добил синот Дамир.
Меѓутоа, дури подоцна излезе на виделина дека пејачот во 1992 година го добил вонбрачниот син Мак, за кој и самиот дознал подоцна во животот, а тоа било само една од причините поради кои неговиот брак со Аида се распаднал.
Освен тоа, Варешановиќ отворено зборуваше дека својата втора сопруга Јасминка ја запознал уште во 1994 година и дека дури со неа сфатил што е вистинска љубов. Во интервјуто во 2006 година за „Пулс“, пејачот отворено зборува за природата на својот брак со Аида.
Во музиката влегов поради музика, а не поради придружните работи што ја следат. Никогаш немав проблеми со дрога, алкохол и коцкање. Единствено не се спасив од жените, а тоа е еден од нуспродуктите што одат со музиката, воедно и мојот најдраг порок. Со сопругата имав помали недоразбирања, и тоа ретко. Секогаш и’ велам: Кој ти е виновен, сама ме избра! Ти ме избра мене, а не јас тебе! Јас уште на 20 години бев дефиниран музичар и мојот пат се знаеше. Иако, во животот се’ може да се преброди и да се надмине. Со сопругата останав во компомисен брак, заради децата, истакна Хари тогаш, признавајќи дека веќе една деценија живее на релација Сараево-Минхен поради Јасминка, со која во 2010 година стапи во брак, откако се разведе со Аида.
Се’ што беше пред неа го припишувам на младоста, на лудоста. Младите прават едно, средните години влечат кон нешто друго, изјави Хари пред неколку години за „Глорија“.