Босанскиот пејач доживеал пех на овагодинешната „Беовизија“, музичко натпреварување на кое се бира српскиот претставник за Евровизија.
Имено, Хари Мата Хари настапуваше во ревијалниот дел на овој настан, но не ми помислил дека ќе му се случи еден немил настан.
Како што пишува телграф.рс, Хари остана без часовник вреден 15 000 евра.
„Го остави во хотелската соба и замина на настапот, а кога се врати часовникот го немаше. Се пожали на рецепција и бараше снимки од безбедносните камери. Меѓутоа, никој не е забележан во ходникот, па не беше јасно што се случило се додека не влегоа во собата и видоа дека врата од терасата е отворена“ вели извор близок на пејачот.
Хари остана без вредниот часовник бидејќи хотелот во кој бил сместен одговара само за исчезнатите работи во сефот, но не и од хотелската соба.