Познатата германска манекенка Хајди Клум и нејзиниот 17 години помлад партнер, музичарот Том Каулиц се венчаа по вторпат и тоа во Италија.
Церемонијата се одржа на познатиот остров Капри, а еден ден пред тоа популарниот пар направил забава на еден познат брод.
За ова прилика Хајди одбра бел фустан, а Том зелено одело.
Парот бил толку возбуден што разменил нежности пред присутните, а сопругот својата сакана ја фатил за задник.
По забавата, Хајди и Том го кажаа судбоносното „да“ на јахтата чиј сопственик е Аристотел Онасис.
За потсетување, Хајди и Том првпат се венчаа во САД во февруари оваа година.