Манекенката Хајди Клум и Том Каулиќ по една година забавување, претходната година официјално запливаа во брачните води.
Хајди и Том времето во пандемија го поминуваат во самоизолација. Моделот овие денови на социјалните мрежи откри како го поминува времето во карантин, а една фотографија покрена шпекулации дека парот очекува принова.
Имено, моделот на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира заедно со нејзиниот сопруг и неговиот брат, а во описот на фотографијата напиша: „Вечерата беше добра“.
Меѓутоа, малку потпораснатото стомаче на Клум веднаш ги покрена шпекулациите дали моделот е бремена и можеби повторно ќе се реализира во улога на мајка.
За потсетување, Хајди од бракот со Италијанецот Флавиј Бријатер ја има ќерката Лени, а со пејачот Сил има три деца.