Една од најпознатите американска актерки Гвинет Палтроу (46), во саботата, 29 септември 2018, тајно се омажила за нејзиниот избраник, холивудскиот продуцент Бред Фалчук (47).
Тајната церемонија се одржала во луксузната вила во Хемптонс, а на свадба присуствувало семејството, блиски пријатели и колеги на новопечените сопружници.
Поранешниот сопруг на познатата актерка, Крис Мартин, фронтменот на бендот “Колдплеј”, од кого се разведе во 2016 година, иако бил поканет не се појавил на ванчавката, наводно, заради веќе закажан настап со бендот. како што пренесуваат светските медиуми, меѓу гостите биле: Камерон Дијаз со сопругот, Роберт Дауни Џуниор, Стивен Спилберг и многу други.
Никој непоканет не можел да влета на свадбата, бидејќи било ангажирано силно обезбедување. Гвинет и нејзиниот сега веќе сопруг Бред се забавуваат четири години и двајцата имаат по две деца од првиот брак.
Актерка со Крис Мартин од „Колдплеј“, со која се зема во 2003 година, во десетгодишниот брак ја има ќерката Епл и синот Мозес. Разводот беше финализиран дури во 2016 година.
Фото: Профимедија