Славната актерка Гвинет Палтроу гола вежба јога на планина, а фотографијата осамна на профилот на Инстаграм, односно на профилот Гоп, во сопственост на актерката.
Не требаше долго за фотографијата да ги поплави светските медиуми. Иако илјадници луѓе се воодушевени од глетката, на многумина не им се допаѓа фигурата на познатата актерка.
„И се гледаат ребрата; ова е катастрофално“, „Кога ќе престане културата на анорексичните жени во медиумите“, „Изгледа како со денови да гладува“, „Ова е многу лошо, преслаба е“ се само некои од коментарите на фотографијата што собра нешто повеќе од пет илјади лајкови на Инстаграм.
Гвинет Палтроу годинава ќе наполни 47 години.