Американската пејачка и музички продуцентка Гвен Стефани (51) беше фотографирана на патот кон музичкото студио во Санта Моника, а по тој повод се претстави во многу чудна комбинација.
Имено, пејачката која се прослави пред повеќе од 20 години, а која се занимава со музика од 1986 година, не се смени многу со текот на годините и на 52-годишна возраст изгледа фантастично.
Гвен на 3 октомври наполни 51 година, а лицето и понатаму нема брчки, па обожавателите ја критикуваат и велат дека направила пластична операција благодарение на која изгледа како кукла, додека други велат дека тоа се само филери.
Во оваа пригода, Гвен носеше две јакни, една над друга, маслинесто зелена воена и црна со реси, додека на нозете носеше карирани панталони до под колена, а имаше и црни потпетици.
Стефани носеше бели чорапи со отворени прсти под пантолоните, додека косата ја офарба во светло сина и црна боја, па ја врза во висок реп, а фановите се поделија околу тоа дали им се допаѓа оваа комбинација. Некои од нив истакнаа дека во лицето изгледа како восочна фигура.
“Што е ова? Облече сè што има дома”, “Тоа е кога некој се обидува да биде рок-ѕвезда”, “Жената е убава и е убаво стилизирана”, “Ми се допаѓа кога некој има поинаков вкус за облекување”, ” Таа треба да се разликува од другите и јасно е дека тоа го стори со цел да го привлече вниманието на папараците, се само некои од коментарите.