Радио Милева

„Грозно е секој ден да се будите како дете на зависник“: Шарлиз Терон проговори за тешкото детство

„Грозно е секој ден да се будите како дете на зависник“: Шарлиз Терон проговори за тешкото детство

Актерката Шарлиз Терон ја отвори душата и проговори за трауматичното  детство.

Како што е познат нејзиниот татко бил зависник од алкохол кој неговата мајка го убила во самоодбра кога Шарлиз имала 16 години.

„Страшно е секој ден да се будите како дете на зависник, не знаејќи што ќе се случи тој ден и апсолутно да бидете свесен на фактите дека тоа не зависи од вас туку од количината на алкохол кој некој ќе испие“ вели Терон.

фото: ап тајнуг

Шарлиз порано не сакаше да зборува за овој период бидејќи и било непријатно.

„Кој сака да зборува таква приказна? Никој не знае како ќе реагира кога ќе им кажете дека таткото е алкохоличар кој вашата мајка го уби“ вели холивудската актерка.

Шарлиз истакна дека неговата мајка која е ослободена од сите обвинувања е нејзин идол и најхрабра жена на светот.

To top