Радио Милева
имам што да кажам...

Григор Копров за Тоше: „За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор со други“ (ФОТО)

Григор Копров за Тоше: „За него бев Господ, а ми дојде со потпишан договор со други“ (ФОТО)

Григор Копров е еден од најпознатите и најтрофејни  македонски поп композитори. И според бројот на песните, хитовите и според бројот на освоените награди во и надвор од македонија. Работел со многу познат ѕвезди како: Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева, Андријана Јаневска… Toj во емисијата „1 на 1“ кај водителот Жарко Димитриовски  раскажа за прв пат како дошло до соработката и прекинот на истата со Тоше Проески.

„Ова по првпат го зборувам јавно, дојдоа двајцата и јас му се обраќам на татко му Никола. Јас одлучив уште пред да дојдат дека ќе го земам. Му веламм: Никола, ова е дете јас со тебе разговарам, во вашите фамилијарни работи јас немам намера да се мешам, но единствен услов јас да му ја водам кариерата негова што се однесува до музиката. Ова е единствен услов, јас ќе инвестирам во него, ќе правиме се што треба. Па вие Копров сте Господ Бог, ова она, се изгушкавме… и дојде првата песна „Усни на усни“ – лудница во државата.

 

Втората, „Сонце во твоите руси коси“, третата „Бакнежи“ и се дотука и тука застанувам. За понатаму имам што да кажам, но сега не“  – раскажа Копров и продолжи:

„И со овие три песни го молам Владо Јаневски кој правеше промоција, на своите  концерти низ Македонија како најголема ѕвезда во моментот да го земе Тоше да нстапува пред него… И го зеде. Тоше со три песни речиси подобро поминуваше отколку Владо. Ми се јавува Владо од Прилеп и ми вика: Абе ти го контролираш детево? Зошто бе Владо? Па вели, сака да потпише татко му договор. И дојде во саботата во Универзална со потпишан договор, а пред тоа Господ бев за него“ –  раскажува Копров, пред да заклучи:

„Морам да кажам… Авалон му ја водеше кариерата фантастично. Го имаа како свое дете, но се’ се промени со Лиља“ – заклучува Григор Копров.

Останати вести од Радио Милева