Откако се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и стекна регионалната слава со хитот „Сиктер“, Зорана Миќановиќ напорно работи и ужива во секој сегмент од славата што ја носи естрадата.Покрај во пеењето, Миќановиќ е свесна дека мора да инвестира и во својот изглед, па се посвети на редовно вежбање во теретана, но и се потруди со секој свој нов стајлинг да го привлече вниманието на јавноста
View this post on Instagram
Таа беше затрупана со лавина од коментари и лајкови кога на својот Инстаграм сподели серија фотографии во провокативен кожен фустан со длабок шлиц од страна со шнирови со кој ги „запали“ своите фанови и следбеници на социјалните мрежи.
Имено, атрактивната црнка позираше во тесен црн фустан со врвки од страните децидно покажувајќи ја нејзината линија на телото, а сите забележаа дека Зорана не носи долна облека.
Или барем тоа така изгледа, зашто гаќичките или се добро скриени или сошиени за фустанот за пејачката да не се најде во непријатна ситуација додека настапува. Намерна голотија или оптичка илузија е прашањето кое остана дилема, дали „Гранд“ пејачката се појавила без гаќички на сцена?
„Вистина е дека сум себична, понекогаш можеби и обична“ – напишала Зорана во описот на објавата која досега собра над 11 илјади лајкови.
Фото: Инстаграм принтскрин/zorana_micanovic_official