Радио Милева

Градежник неверојатно личи на славниот актер: „Никаде не можам да одам бидејќи мислат дека сум Бред Пит!“ (фото)

Градежник неверојатно личи на славниот актер: „Никаде не можам да одам бидејќи мислат дека сум Бред Пит!“ (фото)

Холивудскиот актер Бред Пит (55) важи за еден од најпопуларните актери на светот кој со децении и има армија обожаватели.

Британецот Нејтан Мидс, градежник по професија, се нашол во голем проблем бидејќи доста потсетува со познатата актерска ѕвезда.

– Не можам да одам никаде. Не можам да купувам во продавницата затоа што сите мислат дека сум Бред Пит “, рече Нејтан.

Поради впечатливата сличност со Пит, Мидс признава дека луѓето постојано му бараат автограм, како и дека сакаат да имаат фотографија со него.

– Јас не сум еден од оние момци кои мислат дека се презгодни. Сум бил со многу девојки, но никогаш не се сметав за еден од оние мажи кои им се привлечни на сите – вели Нејтан.

Тој посочува дека врската му пропаднала затоа што личи на Бред Пит.

„Навистина ми пречи што девојките постојано ми приоѓаат да се фотографираат со мене“, заклучува Нејтан, кој сега е во хармонична врска со девојка која нема проблем што го бркаат многу девојки.

фото:инстаграм

To top