„Гоу Грин“ кани на кино на точак в сабота, со почеток во 20 часот, во паркот на Франкофонијата. Поводот е заеднички да се прослави Денот на младите.
Во рамките на кино на точак ќе има проекција на кратки филмови- Bike stories (Приказни за точак – 15 минути) и Legs od Amsterdam – Нозете на Амстердам.
Настанот е организиран во рамките на проектот „Младински активизам за зелени општини вол.3”, имплементиран од „Гоу Грин“, а финансиран од Канцеларијата на Фондацијата Хајнрик Боел во Сараево.