Џенифер Лопез во очи на „Денот на вљубените“ позираше во црвена долна облека од тантела и остави без здив милиони нејзини обожаватели . 54-годишната актерка и пејачка го покажа свот телесен раскош и доби бројни комплименти.
„Убавица“, „Засекогаш ќе бидам заљубен во тебе“, „Ти ги заслужуваш сите црвени рози на овој свет“, „Божица на универзумот“, „Никогаш нема да остариш“, „Бен Афлек е вистински среќник“, се само дел од комплиментите кои ги добила.
View this post on Instagram
Инаку, таа неодамна одговори на прашањето како се справува со годините и стареењето во интервју за специјалното издание на американскиот магазин „Elle“ наречено Жени во Холивуд. Лопез изјави дека одлична вест е што има сè повеќе улоги за постарите жени во Холивуд.
View this post on Instagram
„Тоа не беше случај до неодамна. Многу работи се сменија и повеќе не мора да се чувствуваме потиштени и засрамени што природата го прави своето. Всушност, колку повеќе стареам, толку посекси се чувствувам, затоа што можам да им понудам повеќе на другите и на себе“, вели пејачката.
фото: Instagram printscreen/ jlo