Српскиот музичар Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајната несреќа во Македонија на автопатот Куманово – Табановце во која едно лице загина.
Несреќата се случи вчера, 20 јануари, околу 20 часот, најверојатно поради густа магла, а во несреќата учествувале три автомобили во близина на границата.
Давид се враќал од Гевгелија каде имал деловни обврски. Музичарот не одговарал на повиците на новинарите.
– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.
Српските медиуми објавија дека возачот на инсигнијата е српскиот музичар Ѓорѓе Николиќ, чие уметничко име е Ѓорѓе Давид.
фото: printskrin/istagram/djordje_david