Рокерот Ѓорѓе Давид минува низ тежок период откако неодамна имаше сообраќајна несреќа во Северна Македонија. Ѓорѓе Давид пристигна во Белград, а папараците го уловија во еден трговски центар во Белград. Имено, рокерот бил сам, забрзано одел, а потоа седнал во еден ресторан да јаде.
Инаку, Ѓорѓе Давид пристигна во Србија по правната процедура во Македонија низ која помина. Давид веднаш се сретнал со својот адвокат, по што излегол од станот, го фрлил ѓубрето, а потоа со такси се упатил кон градот, од што може да се заклучи дека рокерот повеќе не вози автомобил, по сообраќајната несреќа. Рокерот изгледал блед и исцрпен, зашто евидентно минува низ тежок период откако неодамна доживеа сообраќајна несреќа во близината на Куманово, во која возејќи во услови на магловито време и слаба видливост, налета на жена која по претходно доживеана сообраќајка се движела по автопатот и ја усмрти.
Инаку, во информацијата од судот наведуваат дека определената мерка за претпазливост осомничениот да се јавува секој вторник и петок во Основен суд Куманово е заменета со тоа што, тој сега треба да се јавува секој 15-ти во месецот. Ако е 15 е неработен треба да се јави наредниот работен ден.
Против ваквото решение немаше жалба од ОЈО Куманово и решението е правосилно на ден 30.01.2024 година (вторник), патната исправа и личната карта му беа вратени на српскиот државјанин, велат од кумановскиот Суд.
Фото: Инстаграм/djordje_david