Радио Милева најбезбеден за него

Ѓорѓе Давид купи нов автомобил по тешката сообраќајка, иста марка како и претходниот (фото)

Ѓорѓе Давид купи нов автомобил по тешката сообраќајка, иста марка како и претходниот (фото)

Музичарот  и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ Ѓорѓе Давид неодамна се најде во центарот на медиумското внимание поради тешката сообраќајна несреќа во која учествуваше во Македонија, каде со својот автомобил усмрти жена.

По страшната сообраќајна несреќа, пејачот помина неколку дена во Македонија, а набрзо по враќањето во Србија купи нов автомобил, иста марка како и претходниот со кој беше учесник во сообраќајната несреќа.

Како што самиот потврди, новиот автомобил е најбезбеден за него моментално од понудата на пазарот, а има технологија која ја подобрува безбедноста при возење.

Инаку, Ѓорѓе неодамна истакна дека слободата ќе ја почувствува кога ќе заврши целиот судски процес, но и дека се надева дека тоа ќе се случи во следните шест месеци.

– Тоа е нешто што едноставно е услов во целата оваа постапка што мора да се исполни. Луѓето велат: „Имаш документи, слободен си“. Не, јас воопшто не се чувствувам така. Во таа смисла ќе почувствувам дека сум слободен кога ќе заврши тој процес. Нема да биде готово за еден месец, да кажам уште сега, не дај Боже да биде готово за половина година. Тоа ќе трае, но дури кога ќе заврши тој процес, каде што официјално ќе ми биде дадено решение на хартија, дај Боже да немав одговорност која треба да ја носам во сето ова, а ако е биде така – ќе почувствувам дека сум слободен – изјави рокерот.

Фото: printskrin/instagram/djordje_david

To top