Апликацијата, која во прв план го поставува креирањето видео содржини, преку ноќ ја освои младата генерацијата. Токму младите се најзаслужни за успехот на моментално најбараната апликација во светот наречена „ТикТок“. Тоа е бесплатна мобилна апликација која се заснова на интерактивно споделување видео содржина и прилагодена е на нивниот начин на комуникација, што го зајакнува чувството на припадност и вклученост во глобалната заедница, што ја објаснува екстремната популарност на апликацијата.
Особено актуелна кај нас Тик Ток апликацијата стана за време на изолацијата, карантинот и деновите со полициски час за време на корона пандемијата во целиот свет и кај нас, кога беше една од главните забави на младите во животот помеѓу 4 ѕида.
Но, апликацијатасо тек на времето станува се’ попопуларна и кај возрасните и тоа од сите сфери. Неа почнаа да ја користат различни профили или интелектуални категории на граѓани. Почнаа да ја ползуваат уметниците, спортистите, јавните личности, бизнисмените, па и научната фела и верувале или не, дури и политичарите. Или поточно една од ретките жени која припаѓа на неколку категории од набројаните.
Имено, универзитетскиот професор, претседателски кандидат и сега носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1 на претстојните парламентарни избори во Македонија, Гордана Сиљановска Давкова не само што е првата жена политичар, туку е и првиот политичар воопшто во Македонија која има свој Тик Ток профил. Популарната Гога, отсекогаш блиска до своите студенти и до младите воопшто, имаше сенс точно да го почувствува духот на новото време, па е првата од политичката фела која умешнио ја користи технологијата. И тоа не само во служба на политиката и професијата, туку воопшто, остварувајќи еден поинаков, виртуелено-социјален контакт со своите пријатели, студенти, гласачите, народот… во неможност тоа непосредно да го направи заради опасностите од корона епидемијата.
И додека Тик Ток апликацијата некои ја користат исклучиво за забава, професорката Сиљановска Давкова, истата ја користи и за едукативно-промотивни активности како што е промоцијата на програмата Проект – Обнова на ВМРО-ДПМНЕ, со која настапуваат на претстојните парламентарни избори. Младите и нивниот живот, воспитувањето, образованието, проблемите, потребите, нивните сфери на интерес… се особено важни и во фокусот на програмата проектот Обнова, па професорката токму Тик Ток го искористи да дискутира на една од овие теми врзани за младината во Македонија.
@gogatiktoksГордана Сиљановска Давкова говори за важноста на сексуалното образование кај младите! ✊?##macedonia ##skopje ##politics ##romamce ##rocknroll♬ original sound – gogatiktoks