Радио Милева

Горда на малиот Љуба: Северина сними дует со него, а Калиопи му порача -те сакам

Горда на малиот Љуба: Северина сними дует со него, а Калиопи му порача -те сакам

Во последната сезона на „Пинкови ѕвездички“,  шестгодишниот Љуба Станковиќ беше еден од фаворитите и со самото појавување на сцената привлече огромно внимание.

Откако го отпеја евергринот на Калиопи, „Бато“ сите во студиото беа во чудо каков глас има шестгодишно момче. Отогаш, па се до последната емисија, односно самото финале тој важеше за фаворит.

https://www.youtube.com/watch?v=KFiI1pOI32E

Во финалето, малиот Љуба повторно ја изведе песната „Бато“ на македонската поп дива Калиопи, а тоа го одведе и до победа во ова музичко шоу.

Нашата пејачка горда на изведбата, на социјалните мрежи, поточно на нејзиниот Инстаграм сподели видео од победникот и му честиташе на успехот, а  на „Инстаграм стори“ сподели фотографија и му порача „Честитки, те сакам“.

Очигледно и на Букле и се допаднала изведбата на ова момче – талент, а нејзиниот хит „бато“ ќе го пејат и следните генерации.

фото:инстаграм

To top