Официјално вчера започна новата учебна година,а за учениците заврши летниот одмор и се вратиja во училишните клупи.
Оние повозрасние се вратија на вообичаените обврски кои траат околу 9 месеци. Меѓутоа, оние кои првпат се соочија со нови обврски и започнаа нови поглавја се првачињата.
„Брзај брзај прваче кон училишниот двор“ гласи пораката за малите првачиња. Подготвени и со поддршка од нивните родители, децата тргнаа во нови предизвици и да реализираат нови успеси.
На некои од македонските јавни личности децата тргнаа во прво одделение, а тие убави вести ги објавија на социјалните мрежи.
Меѓу нив и синчето на поранешната водителката на „Утринска на Телма“, Елена Митева тргна во прво одделение.
Во кратките приказни на „Инстаграм“ таа сподели фотографија од синот, а во описот напиша: „Прваче, маче, колаче“ напиша гордата мама.
Веруваме дека ова само е почеток од низата успеси кои ќе ги реди синот на Елена, а таа ќе биде уште погорда мајка.
За потсетување, Елена беше во брак со актерот Висар Вишка од 2012 година, а се разведоа претходната година. Од нивната брачна заедница заедно го имаат синот Дион.