„Песните што ќе ги чуеме во Интернационалната вечер на „Охрид фест“ го носат печатот и звукот на времето во кое живееме а секако го опишуваат и просторот од каде доаѓаат музичарите – во пресрет на фестивалот“, не информира Горан Шарац, уметничкиот директор на втората фестивалска вечер.
Секој артист се претставува со песна која го презентира неговиот музички карактер, така што не очекува квалитетна музичка средба.
-Како музичар но и како „нашиот“ уметнички директор имате можност да учествувате на повеќе фестивали во Словенија каде што живеете, но и надвор од неа. Како се котира „Охрид фест“?
„Оваа година како автор бев присутен (победив) на неколку хрватски фестивали. Таму музиката остана во медитеранскиот мелос кој има голема публика во Хрватска и во соседните држави. Тешко можеме да направиме споредба, бидејќи медитеранската музика е поинаква од вкусот на македонските слушатели, таа е поедноставна, предвидлива. Македонска музика е музика на ритамот, длабоките емоции и колоритот на македонската земја и луѓе. Годинава фестивалот ни донесува, музички гледано спој на младост, на музичките трендови што ги слушаме низ радио- етерот и класична, забавната песна.
Дадена е шанса на младите пеачи што го дополнуваат колегите од регионот. Доколку го заборавиме глобалниот вкус, музичкото разбирање на тоа што и каква е квалитетната песна, таа се разликува од држава до држава. Затоа е добро да можеме на истата сцена да направиме споредба на трендовите. И, конечно, тоа е добро за понатамошниот развој на македонската музика, која не заостанува ниту по продукција, ниту по мелодијата. Очекуваме квалитена музичка вечер и затоа, дојдете заедно да го проследиме 29-тото издание на „Охрид фест“.