Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер, македонската фудбалска легенда неодамна во Италија се обидоа да го наместат и насамарат, за да биде нова „жртва“ во скриената камера на телевизијата „Медиасет“.
За целата шеговита местенка да помине според предвиденото сценарио, помогнале капитенот на Џенова, Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.
Корси е тој кој му соопштува на Пандев дека клубот му подготвува трансфер и решил да го продаде во Индија!
Погледнете го видеото со најинтересниот дел од „скриената камера“ на Пандев со превод и реакцијата на македонската фудбалска легенда кога дознава дека клубот „божем“ сака да го продаде, негде џенем, во нефудбалска земја!