Мегафон концерт

Горан Бреговиќ ги носи „Три писма од Сараево“ во Скопје

Горан Бреговиќ ги носи „Три писма од Сараево“ во Скопје

Горан Бреговиќ, конечно го носи својот најуспешен проект „Три писма од Сараево“ и во Скопје, на 22-ри март во ВИП Арената.

Тој на скопскиот концерт ќе биде придружуван и од комплетниот состав на Македонската филхармонија, заедно со гостите кои што ги носи со себе на сите свои  концерти, а се дел од овој негов голем проект.

Инаку албумот „Три писма од Сараево“ е најпровадан етно албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка, и Горан Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“.

Се разбира дека на концертот ќе бидат изведени и сите негови хитови како: „Калашњиков“, „Месечина“, „Едерлези (Ѓурѓовден)“ и многу други, што гарантира незаборавна вечер во Скопје на 22-ри март.
Од регионот, Горан Бреговиќ настапил само во Белград на 15-ти декември 2018-та, придружуван од Белградската филхармонија.

To top